OMNIA AQUA

“Здравјето е убавина“!
OMNIA AQUA е филтрирачки систем за пречистување на водата за пиење со “5+2“ филтрациона формула и CAL-MAG технологија. Филтерот е развиен во соработка со експертите од лабораторијата за физичка хемија во Институтот за нуклеарна наука “Винча“.

Свесни за значењето на оптималниот однос на минералите во водата за пиење за целокупното здравје на организмот, ние го конструиравме OMNIA филтерот, кој го обезбедува тој баланс на минерали.

“Здравјето е во умереноста, во балансираниот однос на минералите во организмот“ порачуваат стручњаците, ние на тоа додаваме, со нашето мото:

“Убавината е во здравјето! “
100% СРПСКИ ПРОИЗВОД
  • ИЗГЛЕД И ФУНКЦИЈА НА ФИЛТЕРОТ

    Автентична OMNIA контура!

    OMNIA AQUA СИСТЕМОТ ЗА ФИЛТРАЦИЈА е производ со врвен квалитет кој со својот изглед и карактеристики претставува вистински ОМНИА скапоцен камен. Тој е по строги научни методи осмислен, произведен и тестиран филтрациски систем, кој со својот елегантен дизајн совршено се надоврзува на чешмата, создавајќи впечаток на единствена целина.

    Филтерот е во форма на ролер со ширина од приближно 4,5см (4,5см на горниот дел и 4см на долниот) и должина од 6,5см. Капачето и затварачот на филтерот се во сребрена боја, додека телото на филтерот е во млечно бела боја со благи брановидни контури, кои на филтерот му даваат префинет изглед.

    Внимателно одбраните материјали и специфичната конструкција на филтерот, плод на посветеноста на реномирани научници, со преубава комбинација на сребрена и млечно бела боја го прават вашиот OMNIA AQUA СИСТЕМ ЗА ФИЛТРАЦИЈА идеално решение за чиста и здрава вода во вашиот дом, викендица, канцеларија...

    Функции на ОМНИА филтерот се:

    • Ја пречистува водата од хлор, тешки метали;

    • Ги уништува микробите, микроорганизмите и честичките нечистотија;

    • Ја отстранува органската нечистотија;

    • Ја оживува природната чистина на водата;

    • Ја штити животната средина;

    • Ги отстранува непријатните мириси, вкусови, бои;

    • Создава идеална рамнотежа помеѓу магнезиумот и калциумот, која придонесува за здрав васкуларен и нервен систем и обезбедува силни заби и коски.

  • СТРУКТУРА НА ОМНИА ФИЛТЕРОТ

    5+2=здравје!

    OMNIA AQUA СИСТЕМОТ ЗА ФИЛТРАЦИЈА се состои од тело, капаче, затварач, гумичка, заштитна мрежичка и ОМНИА патрон. Во патронот (сржта на филтерот) се наоѓаат 5 слоеви со различна филтрациона намена: три слоја ткаенина од микробиолошки влакна, помеѓу кои се наоѓа слој од активен јаглен и слој на соодветен зеолит. Покрај наведените слоеви, во патронот се имплементирани и 2 фолии: фолија од сребро и златна фолија. Комбинацијата 5+2 претставува златна формула за постигнување на посакуваниот ефект – минерална вода од чешма.

    Филтерот е развиен во соработка со експертите од лабораторијата за физичка хемија, на Институто за нуклеарна наука Винча.

  • БЛАГО БАЗНА ВОДА

    Оптималната pH вредност на ОМНИА водата – чувар на вашето здравје и убавина!

    PH вредноста (potential of hydrogen) ја означува мерата на активност на јоните на водород (H+) во растворот. Преку pH скалата на вредности (од 0 до 14) се одредува дали растворот е со киселински или базен карактер. Киселите раствори имаат pH вредност под 7 (pH < 7,0), базните раствори преку 7 (pH > 7,0),а кога вредноста е точно 7, тогаш станува збор за раствор со неутрален карактер.

    Значи, преку pH вредноста знаеме дали водата е кисела или базна (алкална).

    Зошто е важно дали водата е кисела или базна?

    Бидејќи нашето тело е благо алкално, т.е. базно, оптималната pH вредност на храната и пијалакот за зачувување на нашето здравје треба да е меѓу 7 и 9.

    Притоа, од пресудна важност за одржување на базноста на телото, т.е. за врамнотежена pH вредност е доволното внесување квалитетна ВОДА. Бидејќи ацидозата, т.е. преголемата киселост на организмот долгорочно го слабее здравјето, создава недостаток на енергија, го успорува работењето на организмот и предизвикува проблеми со прекумерната тежина, треба да се води сметка за pH вредноста на водата која ја внесуваме – секогаш треба да се пие ВОДА која е БЛАГО АЛКАЛНА (базна).

    Таквата вода (со pH вредност над 7 а под 9) меѓу другото е и лек против стареење.

    OMNIA AQUA СИСТЕМОТ ЗА ФИЛТРАЦИЈА со својот сложен систем за филтрирање обезбедува водата за пиење да ја има идеалната pH вредност 8 – БЛАГО БАЗНА ВОДА.

  • НАУЧНА ВТЕМЕЛЕНОСТ

    Научно докажано!

    OMNIA AQUA СИСТЕМОТ ЗА ФИЛТРАЦИЈА е развиен во соработка со експертите од лабораторијата за физичка хемија на реномираниот Институт за нуклеарна наука ВИНЧА.

    Институтот за нуклеарни науки Винча е најголеманаучно-истражувачка организација (основана 1948г.) во Република Србија, која работи по светски стандарди за квалитет. Мисијата на Институтот Винча е да ги обединува основните, применетите и развојните мултидисциплинарни истражувања во природните, техничките и медицинските науки заради:

    • Што поголема примена и комерцијализација на резултатите од истражувањата воземјата и странство,

    • Зголемување на меѓународната конкурентност на индустријата на Србија заснована на знаења и нови технологии,

    • Ширења на научни знаењаи вештини на заинтересираните академски институции, стопански субјекти и поединци во земјата и странство.

    Научници:

    Владимир Николиќ е доктор по физичка хемија. По дипломирањето на Факултетот за физичка хемија на Универзитетот во Белград 2005, на истиот факултет и докторирал 2013 на тема Влијанието на волфрам-карбидните и јаглеродните носачи на анодни катализатори на карактеристиките на ПЕМ горивните ќелии. Од јануари 2008г. Е вработен на Институтот за нуклеарна наука Винча, каде врши истражувања во рамките на лабораторијата за физичка хемија. Некои од многубројните проекти во кои Владимир учествувал се:

    • Водородна енергија – развој на нови материјали: електролитско добивање на водород, водородни горивни ќелии, Министерство за наука и технолошки развој на Република Србија, бр.17045, 2011-2014

    • FP7 проект “EURECA-Efficient Use of Resources in Energy Converting Applications”, Grant agreement no: 303024, FP7 FCH-JU project, 2011-2015.

    • Литиум-јон батерии и горивни ќелии – истражување и развој, Министерство за наука и технолошки развој на Република Србија, бр.45014, 2011-2014

    • Водородна енергија: добивање водород, горивни ќелии, изотопски ефекти, Министерство за наука и технолошки развој на Република Србија, бр.142067, 2006-2011

    • Диететски мајонез на база на сурутка, Министерство за наука и животна средина на Република Србија, бр.8146, 2007.

  • МЕТОДИ ЗА ФИЛТРИРАЊЕ НА ВОДАТА

    Повеќеслоен систем на ОМНИА филтрирањето!

    OMNIA AQUA Системот за филтрирање се состои од 5 слоеви со различна филтрациона намена, со имплементирана фолија од сребро и злато, внимателно комбинирани, како би се постигнал максимален ефект. Помеѓу три слоја ткаенина од микробиолошки влакна, се наоѓа слој од активен јаглен и слој одговарачки зеолит.

    Во прашање е ОМНИА системот за филтрирање, каде филтрирањето на водата од чешма започнува со нејзино минување низ сребрена фолија, потоа низ микробиолошка ткаенина. По ткаенината водата ја пречистува активниот јаглен, па повторно микробиолошка ткаенина. По минувањето низ вториот слој од ткаенината водата доаѓа во контакт со специјално прилагоден зеолит. Потоа водата уште еднаш минува низ ткаенината (трет слој ткаенина. На крајот на ОМНИА филтрациониот пат се наоѓа златна фолија – симбол на ОМНИА квалитетот.

  • СРЕБРО

    Ги уништува преостанатите микроби и микроорганизми во водата!

    Среброто е метал кој во целост е нетоксичен за човечкиот организам. Во контакт со среброто, докажано се запира растот на микроби и штетни микроорганизми. Со пропуштање на водата низ сребрена фолија, OMNIA AQUA Системот за филтрирање останува чист, односно без микроби. Со ваквата конструкција се создава антимикробно дејство на филтерот, односно се спречува развој и размножување на микробите.

  • МИКРОБИОЛОШКА ТКАЕНИНА

    Ги отстранува микроорганизмите и заматеноста на водата!

    OMNIA AQUA Системот за филтрирање содржи 3 слоја Микробиолошка ткаенина (мембрански филтри) за филтрација на вода со пропустливост од 0,02 µm до 30,00 µm служи да спречи минување на микроорганизми, кои дополнително се елиминираат со дејството на сребрената фолија на површината на ткаенината како и крупните нечистотии присутни во влезната вода. Исто така, на излезот од филтерот ткаенината спречува премин на честичките од активен јаглен и зеолитит, а со тоа и губењето на филтрационите материјали и заматување на пречистената вода.

  • АКТИВЕН ЈАГЛЕН

    Го отстранува хлорот, тешките метали и органската нечистотија од водата!

    Активен јаглен, произведен од кокосова лушпа и дрво. Со најнова технологија на парна активација се создаваат пори и пукнатини со димензии меѓу 30 и 150 ангстреми, со што се добива преку 1000 m2 апсорбциона површина по грам. Со сигурност ги отстранува тешките метали, 97% од хлорот и 99% фармацевтски производи во трагови. Специјално направен да отстрани органска нечистотија од водата и да ја оживее нејзината природна чистота. Примената вклучува преработка на водата со цел отстранување вкус, мирис и боја.

    Апсорбциони карактеристики при филтрирање со активен јаглен

    Супстанци кои добро се апсорбираат
    Ароматски растварачи Бензен, толуен, нитробензен...
    Хлорирани ароматски соединенија Полихлорирани бифеноли, хлоробензен, хлоронафталин
    Феноли и хлорофеноли
    Полинуклеарни ароматски соединенија Ацетонафталин, бензопирен
    Пестициди и хербициди ДДТ, алдрин, хлордан, БХЦ бихлорирани јаглеводороди, хептахлор
    Хлорирани неароматски соединенија Јаглен тетрахлорид, хлоралкил-етри, хексахлорбутиадиен
    Јаглеводороди со висока молекулска маса Бои, бензин, амини, хумински киселини
  • ЗЕОЛИТ

    Ги привлекува, врзува и неутрализира токсичните материи и соединенија!

    Минерално-керамички филтер на база на природен гранулиран зеолит. Зеолит е алуминосиликатен минерал кој има микро-порозна структура. Постојат 194 видови зеолит. OMC филтерот содржи зеолит добиен со посебна термичка активација со преку 75% клиноптилолит, со големина на честичките 0,8 / 0,3 мм.

    порозна молекуларна структура привлекува како магнет и да впива, разменува позитивно наелектризирани катјони и негативни анјони. На тој начин селективно апсорбира специфични молекули, врши размена на сопствените катјони за други катјони на база на јонска селективност. Мала количина на правилно активиран зеолит има огромно влијание. Недостатокот на некои минерали во организмот може негативно да влијаат на човековото здравје. Но, организмот не смее ниту да претера и да се оптовари со минерали, затоа што нивното прекумерно присуство, исто така, лошо влијае на здравјето. Како што во животот е важно да се најде баланс, така и кај водата која ја конзумираме е многу поважен врамнотежениот однос на состојките од нивната поединечна количина.

  • "CAL-MAG Technology”

    Обезбедува оптимален однос на калциумот и магнезиумот во водата!

    Калциумот е важен макроелемент кој обезбедува нормално функционирање на организмот заедно со магнезиумот, но само ако нивниот однос е приближно 2:1, а да притоа нивниот збир не преминува 150 mg/l. Доколку еден од овие два минерала е присутен во поголема концентрација, тој ја спречува апсорпцијата на другиот и доаѓа до нивно таложење во организмот. Калциумот е пресуден за цврсти коски и заби, а делува и на нервниот систем, додека магнезиумот е критичен елемент за правилно функционирање на човечкиот организам, посебно на кардиоваскуларниот. Пожелно е нивото на магнезиум во водата за пиење да биде барем 30 мг на литар. За примена кај уредот OMNIA AQUA Систем за филтрирање зеолитот специјално се модификува на Институтот за нуклеарна наука Винча, со што се обезбедува оптимален состав на минералите на водата која минува низ филтерот.

    Cal-Mag технологијата на ОМНИА филтерот, ви овозможува да со конзумирањето на филтрираната вода, на вашиот организам му обезбедите внес на калциум и магнезиум во идеален сооднос.

  • ЗЛАТО

    ОМНИА 24 каратен квалитет!

    OMNIA AQUA Системот за филтрирање користi листови од чисто 24К ЗЛАТО на крајот на филтрациониот пат на водата.

    Зошто нашите филтри имаат 24К злато?

    Познато е дека низ целата историја златото било симбол за раскош и убавина. Во стар Египет, за време на владеењето на Клеопатра, чисто злато се користело за зачувување на младешкиот изглед на лицето. Се верува дека за таа цел Клеопатра навечер спиела со златна маска на лицето. Античките Римјани користеле листови од злато за лекување разни кожни болести. Старите Кинези сметале дека златото е есенција на младоста.

    Имајќи ја во вид долгата историја на знаќењето на златото, и земајќи го во обзир нашетп мото здравје и убавина, на гореспоменатото прашање одговараме:

    24 каратното злато е знак за ОМНИА квалитетот и супериорноста над останатите филтрациони системи.

  • ПРИРОДАТА

    Да ја зачуваме природата!

    Бидејќи филтрациониот капацитет на OMNIA AQUA СИСТЕМОТ ЗА ФИЛТРАЦИЈА е до 600 литри вода, годишното користење на филтерот е еквивалентно на потрошувачка до 1600 шишиња од 1,5л вода.

    Толкава количина на шишиња подразбира дури 80кг пластика, која често се случува. Завршува во природата (потоците, реките, морињата, земјиштето) како отпад.

    Проблемот со пластиката од една страна е што таа се разградува полека, со стотици години, а од друга страна е што со распаѓањето создава микроскопски отровни петрополимери кои низ земјата и водата влегуваат во ланецот на исхрана.

    Наместо да потрошите 1600 шишиња годишно, односно 80кг пластика (загадувач на природата), и да во текот на целата година пиете здрава вода доволен ви е OMNIA AQUA СИСТЕМОТ ЗА ФИЛТРАЦИЈА.

    Со употребата на нашиот филтер учествувате во заштита на животната средина, заштита која во пластиката гледа еден од нејчестите загадувачи на екосистемот.

    Заштитете се себеси и природата, затоа што здравјето е убавина и убавината е здравје.

УПАТСТВО

Во зависност од типот на навој на класичната чешма (внатрешен или надворешен навој), потребно е да, откако ќе го извадите ситото од чешмата, да го навртите филтерот со внатрешен продолжеток (слика I) или филтерот со надворешен продолжеток (слика II) на одговарачкиот навој.

Ако имате тенка славина, гумичката на филтерот треба до крај да ја навлешете на славината (слика III).

По монтирањето на OMNIA AQUA филтерот, пуштете вода.

Првиот млаз вода ќе се појави во форма на талог со потемна боја – во прашање е вишок на филтрационата содржина кој не е штетен по здравјето.

По првиот млаз, од вашата чешма подобрена со OMNIA AQUA филтерот, ќе тече бистра минерална вода.

Уживајте во здравата вода!

Замената на филтер патронот се препорачува на секои 400 до 600 литри вода (за четиричлено семејство отприлика 3 месеци употреба).

НАПОМЕНА: При користењето вода за други цели (на пример за миење садови), препорачуваме да го извадите филтерот од чешмата, со што избегнувате непотребно трошење на патронот на филтерот.
  • H20

    Што е водата и за што служи?

    Водата е богатството на целокупниот жив свет – 71% од површината на Земјата е покриен со вода. Сите знаеме дека хемиската формула за чиста вода е Н2О. Меѓутоа, водата која се наоѓа во природата ретко е во форма на чист молекул на вода, обично е хемиско соединение на Н2О помешано со останати материи создавајќи раствор од чиста вода, минерални соли и нечистотии.

    Водата не содржи ни протеини, ни масти, ниту јагленохидрати – не е храна, не не снабдува со сирова енергија. Водата е напротив conditio sine qua non (суштински услов) за живот. Благодарејќи на водата, организмот може да користи енергија која е присутна во храната.

    Водата завзема 60% до 75% од човечкиот организам (65% кај возрасните, 75% кај децата и дури 94% кај ембрионот од три дена). Заедно со кислородот, таа е најважен елемент за животот.

    Функциите на водата се:

    • Ја одржува температурата на телото

    • Ги снабдува ќелиите на организмот со неопходни хранливи материи (витамини, минерали, соли)

    • Овозможува хемиска реакција во ќелиите

    • Ја одржува густината на крвта и лимфата

    • Овозможува невролошка активност на мозокот

    • Обезбедуа хидратаија на кожата

    • Овозможува апсорпција и транспорт на внесените хранливи материи

    • Ја подобрува саливацијата неопходна за голтање на храната

    • Го отстранува отпадот кој е резултат на процесот на варење и различните метаболички процеси

    Колку треба дневно да се пие вода?

    Прашање кое често си го поставуваме и самите и на други.

    Во умерена клима, просечна личност дневно троши околу 2 литри телесни течности. Од тоа повеќе од 1 литар течност организмот губи низ урината, а исто толкава количина низ потење, урина и дишење. Значајно губење на водата настанува при физички активности, при топло време, лактација, во случај на болест и т.н.

    Она што е важно е дека секој човек се случај за себе – секој од нас има потреба за вода во зависност од својата големина, климата во која живее и сопствениот начин на живот. Затоа, одговорот е индивидуален и секој мора тоа да го има пред вид кога тражи одговор на горе поставеното прашање.

    Тоа што воопштено може да се каже, заради горенаведените податоци, е дека човекот треба дневно да пие минимум 2 литри вода.

    Притоа, наведените 2 литри вода не вклучуваат течности кои се во видна супи, сокови, чаеви, кафиња... Значи, минимум 2 литри чиста вода.

    Кога треба да се пие вода?

    Обично вода пиеме кога ќе почувствуваме жед, бидејќи веруваме дека организмот најдобро знае кога треба да се внесе вода. Но човекот одамна го изгубил односот со природата и инстинктите по кои другите животни и растенија се раководат. Во мера во која човекот изгубил многу инстинкти, развил нешто друго, нешто што го прави надмоќен над другите битија. Во прашање е разумот.

    Имајќи го ова пред вид, немојте да чекате сигнал од организмот – веќе е касно кога тој ќе се јави. Вода треба да се внесува во текот на целиот ден. На почетокот ќе треба да се потсетуваме и себе и нашите ближни да во правилни временски растојанија внесуваме вода. После одреден период тоа ќе ни влезе во навика.

    Во период на зголемени физички активности, при топло време, треба да се внесува додатна количина вода без обзир дали дошол моментот за дневна доза на вода.

    Меѓутоа, дали наведените колични и вистинскиот момент се доволен услов за нашето дравје и убавина?

    Да се запрашаме со каков квалитет е водата која ја пиеме?
  • ЗАГАДЕНОСТ НА ВОДАТА

    Загаденоста на водата е контаминација на водата со несакани материи кои можат да влијаат на нашето здравје. При туширањето, водата која ќе ја проголтаме може да предизвика негативни ефекти врз нашето здравје. Исто така, контактот на нашата кожа, очи, уши, нос со загадена вода може да доведе до одредени болести. Замислете какви се негативни последици по здравјето може да предизвика таквата вода ако секојдневно ја пиете.

    Негативните ефекти на загадената вода посебно се воошливи кај децата и кај постарите луѓе.

    Извори на загадување се индустријата, фармите, домаќинствата и.т.н.

    Вашно да се напомене е дека загадѕвањето на водата не мора да биде видливо со голо око, па така водата која ја пиеме може да биде загадена, а ние тоа да не го знаеме – на пример бактерии, вируси и паразити се често присутни во водата за пиење а ние не може тоа да го забележиме.

    Два облика на загадување на водата се:

    • Непостојани загадувачи (лесноразградливи): оние кои можат да се разградат во супстанци кои не се загадувачи (ѓубриво, индустриски отпад, канализациона вода и.т.н.)

    • Постојани загадувачи (спороразградливи): оние кои опстојуваат во водата со години и предизвикуваат штети кои бараат долготрајна постапка за неутрализација (пестициди, нафта, нафтени деривати и тешки метали како алуминиумот, оловото, живата, кадмиумот)

    Како што е веќе наведено, во водата за пиење можат да се најдат бактерии, пестициди, тешки метали, дезинфекциони средства.

    Бактерии

    Меѓу бактериите кои можат да се појават во водата од чешма се E. Coli, Salmonella et Campylobacter.

    Споменатите бактерии се појавуваат кога човечки или животински измет ќе се појави во водата. Ваков облик на загадување обично се случува како резултат на обилни врнежи или поплави. E. Coli, Salmonella et Campylobacter можат да се појават во водата за пиење и тогаш предизвикуваат сериозен облик на дијареа и блага грозница.

    Пестициди

    Пестицидите се користат за намалување или елиминирање на плевелот, инсектите и глодарите. Според функцијата пестицидите се делат на хербициди, инсектициди, нематоциди, фунгициди. Меѓутоа, тие можат да ја загадат водата, можат да пројдат низ земјата и да дојдат до нашите извори на вода. Најчести хербициди кои се појавуваат во водата за пиење се алаклор, атразин, цијаназин, диносеб, диурон, мекопроп, метолаклор, симазин и 2, 4-д. Типични инсектициди кои можат да се појават во водата за пиење се карбофурана и трихлорофон. Нематоциди кои се појавуваат се 1,2-диклор-пропан и еилен-дибромиде. Фунгицид кој се појавува во водата за пиење е етилентиоуреиној.

    Метали

    Различни метали можат исто така да се најдат во водата за пиење. На пример, алуминиумор може да ја загади водата. Класичниот облик за пречистување на водата е исто така извор на алуминиум во водата. Мали количини алуминиум остануваат во водата и се смета дека тој може да доведе до здравствени проблеми (луѓето со ПАркинсонова и Алцхајмерова болест често имаат високи концентрации на алуминиум во одредени делови од мозокот).

    Водата може да биде загаде и со олово. Овој тежок метал може да се најде во цевките со кои се врши снабдување со вода од водоводот до становите, куќите и.т.н. Вода со концентрација на олово поголема од 0,01мг/л може да доведе до здравствени проблеми како што се висок крвен притисок и репродуктивни пореметувања кај возрасните, запирање на интелектуалниот развој на фетусот, бебињата и децата.

    Живата е метал кој се наоѓа во водата. Градските водоводи законски мораат да ја отстранат живата. Меѓутоа, луѓето кои вода пијат од приватни бунари, се потполно незаштитени, посебно во регионите со развиено земјоделие. Водата со жива може да предизвика кожни проблеми, внатреѓни крварења, губење на забите, оштетување на јетрата и бубрезите и.т.н.

    Хромати често се употребуваат за производство на работи од кожа, за производство на малтер и боја. Во текот на споменатите процеси на производство, хроматите можат да дојдат до подземните води и земјиштето и на крај да завршат во нашата вода. Прекумерното ниво на хексавалентниот хром преставуваат погодно тло за појава на тешки болести како што се рак на желудникот, бубрезите, јетрата, предврмена деменција и дерматитис.

    Арсенот е тежок метал кој може да дојде до водата за пиење преку земјата или индустрискиот отпад. Тој е класификуван како канцероген и особено го поврзуваат со појава на рак на бешиката и бубрезите, јетрата, белите дробови и кожата и за акутна мијелодн леукемија. Луѓето кои подолг временски период пијат вода со содржина на арсен поголема од дозволената можат да добијат оштетувања на кожата, главоболки, респираторни, репродуктивни, кардиваскуларни пореметувања, проблеми со крвотокот, јетрата и т.н.

    Покрај наведените бактерии, пестициди и тешки метали, како загадувачи кои може да се појават во водата за пиење се и флуорот, хлорот и.т.н.

    Дезинфикациони средства

    Иако флуорот е состојка на повеѓето пасти за заби, тој е отровен и во поголеми количини може да доведе до труење и смрт. Имајќи го ова пред вид, концентрацијата на флуор во водата за пиење не треба да е поголема од 0,7мг/Л.

    Хлорот е дезинфикационо средство кое се користи за да се уништет бактериите, микробите и.т.н. Меѓутоа, поголема концентрација на хлор од пропишаниот стандард за водата за пиење може да направи огромни здравствени проблеми. На пример, може да доведе до оштетување на нервниот систем и дигестивниот тракт, до иритаија и забрзано пропаѓање на кожата. Со хлорот како дезинфикационо средство во јавните водоводи се користи и хлорамин. Хлораминот како нерогански дериват на амонијакот, присутен во големи количини може да предизвика анемија.

  • ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

    ИНДИКАТОРИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

    Постојат голем број на индикатори за квалитетот на водата за пиење.

    Тие обично се делат во три групи: физички, хемиски и биолошки индикатори.

    Физички показатели

    Во физички показатели припаѓаат: температурата, концентрацијата на вкупни цврсти суспендирани и растворени материи, бојата, вкусот на водата, електроспроводливоста, матноста и проѕирноста на водата.

    Хемиски показатели

    Во хемиски показатели спаѓаат: тврдината на водата, pH реакцијата на водата, алкалитетот и ацидитетот, содржината на растворен кислород, присутноста на тешки метали, содржината на макронутриенти (различни облици на азот и фосфор), хемиската и биохемиската потрошувачка на кислород.

    Биолошки показатели

    Биолошките показатели го подразбираат микробиолошкиот состав на водата и хидробиолошкиот квалитет на водата.

    ВИДОВИ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

    Три најзастапени облици на вода за пиење се водата од чешма, пакуваната вода и флитрираната вода.

    ВОДА ОД ЧЕШМА

    Голем е бројот на луѓе кои користат вода од чешма. Овој тип на вода мора да ги задоволи правилниците за вода за пиење. Таа може да потекнува од подземни или површински водени токови и смее хемиски да се обработува како би се постигнало нивото на квалитет за вода за пиење. Хемиската обработка подразбира пред се употреба на хлор, хлорамин и хлородиоксид како дезинфикациони средства со кои се чисти водата. Меѓутоа, токму употребата на овие средства доведува ди проблеми кои традиционално се поврзуваат со таканаречената чешмовача. Имено, водата од чешма е тврда – присутна е голема количина хлор во неа. Исто така, и покрај контролираното пречистување на водата во неа може да се појават микроорганизми, органска нечистотија, тешки метали и други состојки штетни за човечкиот организам.

    ПАКУВАНА ВОДА

    Алтернатива на таканаречената чешмовачае пакуваната вода. Таа последниве години е тренд (во светот и кај нас), за што сведочат како и големиот број на домашни и странски производители на пакувана вода така и статистичките податоци дека 40% од светската популација купува вода во шише.

    Но, да претпоставиме дека пакуваната вода е поквалитетна од водата од чешма и дека претставува единствена алтернатива на чешмовачата, треба да водиме сметка за следново:

    1) Постои реална опасност по потрошувачите од неадекватно чување и складирање на пакуваната вода во малопродажните објекти, каде водата во пластика, изложена на високи температури и сончеви зраци, стои по повеќе месеци.

    2) Со купување вода во балончиња или во пакетите од по 6 шишиња, се изложувате на носење товар кој може да ви фо оптовари рбетот и да предизвика здравствени проблеми.

    3) Купената вода, заради својата големина, завзема драгоцен простор во вашиот дом, и на крајот таа пластика, и покрај вашите намери, завршува на депонија или во природата. Малку е познато дека со дневната потрошувачка на пластична амбалажа може да се направи прстен околу целата планета.

    4) Значаен износ од потрошуважката кошнива на просечно семејство оди за купување пакувана вода. Да земеме дека во просек секој човек во текот на денот пие 1,5 до 2л вода. Понатаму, да претпоставиме дека просечното семејство има 4 члена. Тоа значи дека дневната потрошувачка на едно семејство е меѓу 6л и 8л вода. Помножете го тоа со цената на пакуваната вода и ќе добиете износ колку просечно семејство троши пари на ден за пакувана вода.

    ФИЛТРИРАНА ВОДА

    Наместо секојдневно да трошите пари, повеќепати на ден да излегувате од дома и да чекате ред за купување флаширана вода, наместо да се грижите на кој начин пакуваната вода е складирана и на кој начин се уништува пластичната амбалажа, наместо сето тоа вие можете да пиете минерална вода, без трошење време, пари, грижа за исправноста и загрозеноста на животната средина.

    Како?

    Како да дојдеме до вода во која нема хлор, метали, рѓа и други состојки штетни по организмот, како да дојдеме до вода во која се наоѓаат минерали во идеален сооднос, а да тоа не биде пакувана вода?

    Доволно е да издвоите некој денар, со нив да купите OMNIA AQUA систем за филтрирање, филтерот да го монтирате на вашата чешма и озлогласената чешмовача ќе стане ваша омилена минерална вода (повеќе на страницата OMNIA AQUA FILTER).

    Филтрираната вода е тип на вода кој се користи од памтивек. Луѓето правеле и употребувале примитивни апарати (филтри) пред повеќе милениуми. Веројатно сте чуле за вистинитите приказни како авантуристите се снаоѓале во правење прирачни филтри како би ја пречистиле водата која ја наоѓале во природата. Денес во модерните средини филтрираната вода е резултат на користењето современи технологии за филтрирање на водата и таква претставува вистински избор за вашиот дом, канцеларија...

Бидете во тек!

На нашите официјални профили на социјалните мрежи (YouTube, Twitter, Facebook, Instagram):

• Детално информирајте се за Omnia Aqua филтерот

• Читајте за најновите Omnia вести

• Следете ги нашите постови, најави и соопштувања

• Гледајте Omnia видео записи и фотографии

За сите дополнителни прашања кои се однесуваат на медиумите, нашиот маил е: office@omniaaqua.com

BРАБОТУВАЊЕ

Станете член на Omnia Aqua тимот!

Како тим на професионалци од различна возраст и области на специјализација, ја подржуваме регрутацијата на млади и перспективни луѓе а истовремено бараме и искусни професионалци.

Негуваме тимски дух, посветеност на работата, концентрирани сме на резултатите, на развојот и унапредување на кариерата. Затоа настојуваме да обезбедиме квалитетни услови за работа и професионален развој на вработените.

Доколку сте заинтересирани да работите во Omnia Aqua тимот, Вашите работни биографии можете да ги испратите на e-mail:

office@omniaaqua.com

Ќе ве контактираме доколку се покаже потреба за човек од вашиот профил.

Loyalty member

© 2014 Omnia. Sva prava zadržana.